Македонскиот шампион Шкендија ќе има сигурно повеќе од тешка задача во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите ова лето.
И дефинитивно познати се сите можни противници на тетовци во стартното коло од квалификациите во најквалитетното европско клупско натпреварување. Шкендија, со коефициент 7.500, е меѓу неносителите пред ждрепката за првото квалификациско коло па тоа и носи и далеку потешки ривали на стартот од натпреварувањето.
А, меѓу можните противници на Шкендија се бугарскиот шампиони Лудогорец, па шведскиот шампион Малме, романскиот ФЦСБ Стеауа, но и словенечкиот шампион Олимпија Љубљана, како и литвански Жалгирис, летонска Рига…
Ждрепката за 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите е закажана за 17. јуни во Нион. Првите натпревари од 1. коло, пак, се играат на 8/9. јули, а реванште се на 15/16. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА