Шкендија триумфално против Борец во Велес… (ВИДЕО)

Шкендија дојде до нова победа во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Борец во 15. коло.

Тетовци водството го обезбедија со голот од пенал на Бесарт Ибраими во 25. минута, откако претходно Стојчевски стартуваше врз Тотре во својот шеснаесетник за оправдано досуден удар од белата точка.

Во второто полувреме триумфот беше запечатен со голот на Дориев во 83. минута.

Со најновите три бода Шкендија дополнително се заврсти на врвот од табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...