Шкендија убедлива и во Чаир: Шкупи „скршен“ во вториот дел (ВИДЕО)

Шкендија ја презеде лидерската позиција на табелата во домашното првенство откако во последниот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига славеше убедливо на гостувањето против Шкупи на Чаир со 0-3 (0-0).

По првиот дел во кое тетовци не успеаја да го „скршат“ отпорот на домашните, следеше одлично второ полувреме за „црвено-црните“ најавено преку прекрасниот гол на Арменд Алими во 49. минута…

Потоа, во 62. минута Бесарт Ибраими зголеми на 0-2…

А, во 79. минута следеше и погодокот на Марјан Радески по асистенцијата од Бесарт Абдурахими.

По овој триумф, Шкендија со 6 бода е лидер на табелата заедно со Силекс кој исто така има 6 бода. Следат Академија Пандев и Пелистер со по 4 бода.

РЕЗУЛТАТИ – ПРВА ЛИГА, 2. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА 4-0

Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 1-1

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 2-0

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 0-3

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0-3

ТАБЕЛА: Шкендија 6 бодаСилекс 6, Академија Пандев 4, Пелистер 4, Вардар 3, Работнички 2, Шкупи 1, Ренова 1, Скопје и Победа без бодови.

Се вчитува...