Шкендија убедлива – Ибраими и Дориев за триумф против Сумгаит (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија сосема очекувано ќе играат во втората рунда натпревари од Лигата на Европа откако во првото квалификациско коло славеа со 0-2 на гостувањето против азербејџанскиот Сумгаит.

Шкендија комплетно доминираше во првото полувреме. По континуираните обиди од страна на Ибраими, Ахмеди и Дориев за пробивање на противничката одбрана, најголемата шанса ја имаше Имери во 38. минута. Одлично беше проигран од Љупчо Дориев, изби сам пред домашниот голман но шутираше лошо.

Но, тоа што не се реализираше во првиот дел ефектуирано во второто полувреме со два погодоци од пенал. Најпрво во 56. минута од натпреварот Бесарт Ибраими прецизно стрелаше од белата точка…

Конечните 0-2 ги постави Љупче Дориев исто така од пенал во 89. минута. Претходно, токму по проигрувањето од Дориев, Зејнулаи шутираше во домашниот шеснаесетник а по игра со рака на дефанзивецот на Сумгаит оправдано досуден пенал за македонскиот тим.

Се вчитува...