Шкендија ита кон титулата во домашното првенство, со предност од 2-0 завршувајќи го првото полувреме од 31. коло во ПМФЛ против Работнички.
„Црвено-црните“ доминираат на дуелот во Тетово доаѓајќи до убава предност за победа.
Уште во 6. минута домашните поведоа со голот на Љатифи.
Потоа, во 33. минута, Тамба убаво погоди по одлично проигрување од длабочина за предност и од 2-0.
И Тиквеш води на дуелот против Беса во Кавадарци. Стрелец на голот за предност од 1-0 беше Миловановиќ во 40. минута од средбата.
На дуелот во Струмица, Шкупи води по пресврт со 1-2 на гостувањето против АП Брера.
ПМФЛ – 31. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ 1-2
Наумчевски 28′ – Асани 31′, Имери 45′
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-0
Љатифи 6′, Тамба 33′
Кавадарци: ТИКВЕШ – БЕСА 1-0
Миловановиќ 40′
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0-0
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 3-0 (службена)
ПЕЛИСТЕР – ВОСКА СПОРТ 3-0 (службена)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА