По одбработувањето на првиот ден тренинг во својата база во Словенија, фудбалерите на Шкендија веќе се насочуваат со мислите и кон првите пријателски натпревари во рамките на подготовките за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.
Шкендија планира три контролни средби во Словенија а првата почнува утре против словенечкиот прволигаш Домжале. Според одлуката на стручниот штаб, на 27. јуни ќе следи пресметката со хрватскиот Осијек а за крај и дуелот против Ворскла Полтава на 1. јули.
Првиот дуел против велшки ТНС во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите, Шкендија го игра на 10. јули. Реваншот е седум дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА