Актуелниот шампион Шкендија го очекува гостување во Струмица против тимот на АП Брера во денешниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Уште еден тежок предизвик го чека тетовскиот тим, но овој меч ќе биде добра можност за тимот да се рехабилитира од поразот во дербито со Вардар пред своите навивачи, што беше прв сезонава за избраниците на Јетон Беќири.
Сите во таборот на тимот од Тетово очекуваат сега вистинска реакција – победа од Струмица. Еден од најдобрите во таборот на Шкендија, Фабрис Тамба вели дека лекцијата е научена, и дека најдобро за екипата ќе биде сега да извојува победа.
„Атмосферата е добра, и покај тоа што го загубивме дербито. Тоа е фудбалот, понекогаш се радуваш, понекогаш си тажен, но мораме да го заборавиме сето тоа, и да се фокусираме кон следниот натпревар. Одиме со 100% да го добиеме тој натпревар. Понекогаш и кога губиш, можеш многу да научиш. Дури и кога победуваш, може да се случат грешки, и од тие грешки треба да се научи за следниот меч да настапиш подобро. Но, не сакаме да останеме во минатото. Секако дека грешките треба да ни бидат како поука. Се надевам дека ќе покажеме поинакво лице на следниот меч. Сите го знаат нашиот квалитет и за што сме способни. Продолжуваме да работиме уште понапорно. Секогаш од нас се очекува победа, но не е лесно. Ова е фудбал, и работите нечесто одат според вашите очекувања и желби. Но сметам дека ќе биде се во ред. Во моментов само потребна ни е победа против Брера“, вели Тамба.
Натпреварот меѓу АП Брера и Шкендија се игра денеска во Струмица со почеток од 13:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

