Шкендија и дефинитивно ќе биде засилена со напаѓачот Самир Фазли на утрешниот натпревар против Академија Пандев од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.
ФИФА конечно го разреши неговиот случај со поранешниот клуб Рудеш од Хрватска, во корист на фудбалерот, па даде зелено светло за настап на македонскиот фудбалер.
Самир Фазли го доби веќе неопходниот сертификат па веднаш ќе биде ставен на располагање на стратегот на тетовци, Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА