Шкодран Мустафи објави крај на кариерата

Поранешниот германски репрезентативец и член на тимот на „панцирите“ кој во 2014 година го освои Светското првенство во Бразил, Шкодран Мустафи објави крај на професионалната кариера.

Мустафи ја објави оваа вест утрово, а како што најави и самиот ќе се насочи кон тренерската работа во следниот период.

Мустафи професионалната кариера ја почна во Сампдорија, а настапуваше и за Валенсија, Арсенал, Шалке 04 и Леванте.

Покрај Светското првенство во 2014, тој со репрезентацијата на Германија го освои и Купот на Конфедерации во 2017 година.

Се вчитува...