Шкотите не штедат зборови-пофалба за Миовски: Се боревме со голема конкуренција за да го добиеме!

Од шкотски Абердин не штедат пофални зборови за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, претставувајќи го како големо засилување за новата сезона. Шкотите нагласуваат дека се бореле со жестока конкуренција да ги добијат услугите на Миовски, за кого беа заинтересирани и клубови од Германија, Унгарија, Чешка.

22-годишниот Миовски потпиша четиригодишен договор со еден од најтрофејните шкотски клубови, селејќи се од редовите на унгарски МТК.

„Веќе неколку месеци внимателно го следиме Бојан и се боревме со голема конкуренција за да ги обезбедиме неговите услуги. Тој е напаѓач со сите клучни атрибути потребни за успех во шкотскиот премиерлигаш. Тој има темпо, моќ и фантастично движење што му овозможува да добива бројни можности за гол на конзистентна основа“ – се вели во официјалното претставување на Миовски од Абердин.

„Миовски одговара на профилот на напаѓач што го посакувавме уште во февруари, и тој е уште еден добар пример за тоа како ја спроведуваме нашата севкупна стратегија за регрутирање во клубот. Тој утре ќе има 23 години, но веќе е високо ценет во националниот состав на Македонија, која несреќено не успеа да се квалификува за Светското првенство во Катар оваа година“ – дополнува Абердин.

Абердин, заедно со Селтик и Глазгов Ренџерс, е најдобриот клуб во Шкотска. Во 80-те години од минатиот век под палката на сер Алекс Фергусон освои три титули шампион на Шкотска, еден КПК и еден европски Суперкуп.

Се вчитува...