Шкотланѓанецот Џон Битон ќе го суди мечот Копенхаген – Вардар

Вардар утре, со почеток во 20 часот, ќе го игра реванш натпреварот против данскиот првак Копенхаген, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. УЕФА ги одреди официјалните лица за овој натпревар, а главниот судија доаѓа од Шкотска.

Мечот ќе го суди Џон Битон, кој првпат оваа сезона добива меѓународна задача, а досега им нема судено ниту на Копенхаген, ниту на Вардар. Ќе му помагаат сонародниците Грем Стјуарт и Даглас Потер, а четврти судија е Боби Маден.

Експедицијата на Вардар утринава замина за Данска, каде вечерва ќе го одработи и официјалниот тренинг на „Паркен“ стадионот во Копенхаген.

Се вчитува...