Милан Шкрињар е еден од фудбалерите со најголем напредок во Серија А сезонава, откако словачкиот интернационалец се промовираше во предводник на одбраната на Интер. Сумата од 20 милиони евра што „нероаѕурите“ ја платија на Сампдорија за неговиот трансфер сега делува смешно, а европски гиганти како Барселона и Манчестер јунајтед веќе подготвија тројно повеќе пари за летово да го доведат во своите редови.
Сепак, Шкрињар е решен да остане во Интер без оглед на богатите понуди што пристигнуваат на негова адреса, па словачкиот интернационалец преку интервју за „Спорт Медиасет“ испрати и порака до навивачите на клубот од Милано.
„Бидете мирни, не си одам од Интер. Мојата желба е да останам тука и повторно да влеземе во победничка серија како на стартот од сезонава. Не дојдов во Интер за веднаш да си заминам, планирам да останам уште долго“ – изјави Шкрињар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА