Шкрињар останува во Интер до 2023, „корпа“ за Јунајтед

Италијанскиот калчолигаш Интер ја одби понудата на Манчестер јунајтед за ангажман на словачкиот интернационалец Милан Шкрињар. „Црвените ѓаволи“ понудија 65 милиони евра, но Лучијано Спалети и раководството на Интер сметаат дека тој е премногу важен играч за да биде продаден во моментот кога тимот повторно ќе настапува во Лигата на шампионите. На дефанзивецот му е понуден и нов договор до 2023 година, со подобри услови од досегашните, по што јасно е дека Шкрињар ќе остане на „Џузепе Меаца“ и во наредните пет сезони.

Според новиот договор, тој ќе заработува 2,2 милиони евра по сезона во дресот на Интер. Одбраната на „нероаѕурите“ ќе биде засилена и за Стефан Де Фрај, кој пристигна од Лацио, и најверојатно ќе му биде партнер на Шкрињар во централниот бедем пред голот. Нов едногодишен договор ќе добие и Бразилецот Миранда.

Се вчитува...