Шкупи би можел и против Глазгов Ренџерс во Лигата на Европа!

Шкотскиот Глазгов Ренџерс но и словенечки Домжале се најатрактивните можни противници на Шкупи во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа сезонава.

Чаирчани, како неносители, се во подргупата 2 пред утрешната ждрепка во Нион. Меѓу можните противници за Шкупи, покрај Домжале и Глазгов Ренџерс се и Габала од Азербејџан, Динамо Тбилиси од Грузија и кипарскиот Аполон Лимасол.

Јасно е дека Шкупи го очекува тешка задача во секој случај, но ако се бира согласно атрактивноста тогаш чаирчани без сомнение го посакуваат Глазгов Ренџерс.

Ждрепката за 1. квалификациско коло за Лигата на Европа е утре од 13 часот во Нион.

Се вчитува...