Шкупи денеска го промовира Умит Каран како свој нов тренер!?

Прославениот турски фудбалер, Умит Каран треба денеска и официјално да биде промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Шкупи.

По заминувањето на Хајат Сојдаш, сопствениците на Шкупи се одлучија тренерската позиција да ја пополнат со 41-годишниот поранешен фудбалер на Галатасарај.

За Каран ова би бил прв посериозен ангажман откако во 2012 ја заврши својата играчка кариера. Турчинот има и десет настапи за турската репрезентација со три постигнати погодоци.

Шкупи новиот тренер треба да го промовира денеска на официјално закажана прес-конференција од 13:30 часот.

Се вчитува...