Шкупи добива лиценца за настап во Лигата на Европа

Четвртопласираниот тим во Првата лига, Шкупи, ќе добие лиценца за настап во квалификациите за Лигата на Европа. Раководството на клубот ја комплетираше документацијата до Второстепената комисија за лиценцирање, а таа издаде позитивна одлука која треба да биде во текот на денот верификувана и во „Макфудбал“, официјалното гласило на Фудбалската федерација на Македонија.

Претходно, лиценци за настап во европските купови добија и Шкендија, за учеството во квалификациите на ЛШ, како и Вардар и Работнички, за учество во квалификациите за ЛЕ.

Се вчитува...