Шкупи е новиот футсал шампион на Македонија

Екипата на Шкупи е новиот футсал шампион на Македонија откако во последното коло од шампионатот во директен дуел за титулата одигра без победник (3-3) против составот на Велес.

На крајот Шкупи со 68 бода ја освои шампионската круна, пред Велес кој првенството го заврши со 65 бода.

Ова е прва титула за тимот од Чаир, кој денеска трофејот ќе го прослави на стадионот во Чаир, заедно со навивачите, непосредно пред првенствениот натпревар меѓу Шкупи и Брегалница кој почнува од 16:30 часот.

За Шкупи и Велес сезонава останува уште една пресметка за трофеј, во финалето во Купот на Македонија кое ќе се игра на 28. мај во Струмица.

Се вчитува...