Шкупи ги отвори вратите – бесплатен влез за дербито со Шкендија

Екипата на Шкупи одлучи да ги отвори портите за дербито со Шкендија кое се игра во сабота во 17 часот. Чаирскиот тим се одлучи да има бесплатен влез за сите љубители на фудбалот.

Шкупи и Шкендија се во битка за титулата со ист број на бодови, па ова дерби би можело да биде одлучувачко во битката за трофејот. Се очекуваат полни трибини во сабота на Чаир и добра атмосфера.

Се вчитува...