Шкупи убедливо загуби од Челик (0-3) на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Болу, Турција.
По ремито со естонска Левадија сега следеше поразот од прволигашот од БиХ за кој од Шкупи потенцираат дека не претставува некој поголем проблем во моментите кога се компонира тимот.
„Одигравме два натпревари во два дена, притоа дуелот со Челик беше во насока на тест на одредени фудбалери пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа“ – велат од Шкупи.
Следниот пријателски натпревар на чаирчани е закажан за 2. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА