Шкупи го „краде“ Алексовски од Вардар, на Чаир доаѓа и Серџо од Работнички!

Членот на златната генерација млади македонски фудбалери која учествуваше на ЕП 2017 во Полска, голманот на Вардар, Игор Алексовски е пред трансфер во редовите на Шкупи.

Тимот од Чаир сериозно планира засилување на своите редови за настапите во квалификациите од Лигата на Европа, па според нашите информации веќе е договорена соработка со Алексовски кој е огромна желба на стручниот штаб. Се очекува уште официјална разделба на Алексовски со Вардар и повлекување на документите од најтрофејниот македонски клуб пред и дефинитивно да следи трансферот во Шкупи.

Пред промоција во редовите на Шкупи е и Бразилецот од Работнички, Да Луз Серџо јуниор кој и дефинитивно се сели на Чаир. Во текот на следната недела се очекува и официјалниот потпис на договорот со 23-годишниот бразилски офанзивец.

Понуда од Шкупи има и за фудбалерот од средниот ред на „романтичарите“, Душан Трајчевски на кого во јуни му заврши договорот со Работнички. Трајчевски и натаму е во преговори со досегашниот свој клуб за продолжување на соработката со тимот од Дебар маало, но останува на маса и понудата од Шкупи.

Се вчитува...