Шкупи го промовираше Бразилецот Сержињо (ФОТО)

Во очекувањето на пресметката со Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лигата на Европа, Шкупи го промовираше и петтото свое засилување за новата сезона во името на Бразилецот Серџо Де Луис Јуниор – Сержињо.

23-годишниот бразилски офанзивец доаѓа од редовите на Работнички, каде минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер од албанскиот Скендербег. Сега Сержињо продолжува во Шкупи потпишувајќи двегодишен договор со тимот од Чаир кој целосно го откупи договорот од Скендербег.

„Среќен сум што ќе го носам дресот на овој клуб. Без размислување дојдов тука откако ми беше презентиран амбициозниот проект за во иднина. Се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги реализира зацртаните амбиции“ – истакна Сержињо по промоцијата во новиот дрес.

Минатата сезона Сержињо имаше 25 настапи за Работнички постигнувајќи и пет погодоци. Бразилецот е петто засилување за Шкупи по Муарем Муарем, Амир Билали, Артан Велиу и голманот Игор Алексовски.

Се вчитува...