Шкупи го промовираше и Ергин Абдул (ФОТО)

Шкупи го промовираше и четвртото свое засилување во зимскиот преоден рок. Најново име за чаирчани е 25-годишниот Ергин Абдул кој доаѓа од германски третолигаш.

Абдул во кариерата настапувал и во турското првенство, а во Германија бил дел од Нојбрук, Вест Келн и Викторија Келн.

„Среќен сум што се враќам во клубот сега со многу поголемо искуство стекнато од настапите во Германија. Се надевам дека ќе помогнам на клубот да ги реализира своите амбиции” – вели Абдул за официјалната интернет страница на клубот.

Претходно, како што е познато, Шкупи се засили и со Турчинот Устабаши, голманот Енес Азизи како и одбранбениот фудбалер Филип Ристовски.

Се вчитува...