Шкупи го промовираше Умут Каран: Легендата на Галатасарај ќе ја спасува сезоната

Шкупи и официјално ја промовираше легендата на турски Галатасарај, Умут Каран за свој нов тренер.

По оставката на Хајат Сојдаш, раководството на Шкупи брзо дојде до ново решение за тренерската функција во името на 41-годишниот Умут Каран кој од денеска го презема тимот.

Каран е трет тренер сезонава на клупата на Шкупи, по Зекирија Рамадани и Хајат Сојдаш. За Турчинот ова ќе биде прв посериозен тренерски ангажман во кариерата.

„Доаѓам во еден од најдобрите клубови во Македонија и тоа е огромна чест за мене. Шкупи како тим има огромен потенцијал и верувам дека заедно ќе успееме да ја надминеме оваа резултатска криза и екипата во новата сезона да ги исполни своите цели и амбиции а тоа секако е излез на европската сцена“ – истакна Каран на денешната промоција во Чаир.

Дебито на клупата на Шкупи, новиот тренер ќе го има викендов, кога чаирчани се среќаваат сo Работнички на домашен терен, в сабота од 15 часот.

Се вчитува...