Шкупи го реши првакот на Косово во првата летна контрола

Екипата на Шкупи успешно ги стартуваше подготовките за настапот во европските купови, триумфирајќи над Дрита со 2-0 во првиот контролен натпревар што летово го одигра прволигашот од Чаир.

Шкупи против себе го имаше актуелниот првак на Косово, но македонскиот тим се прикажа во подобро светло, па на својот стадион во Чаир им приреди уживање на околу 1.000 навивачи. Мечот беше решен во второто полувреме, во кое тренерот на Шкупи го промени целиот тим.

Стрелци на головите беа Имери и Мухареми, а со одлична игра на средината од теренот се истакнаа Броха, Вујчиќ и Муарем.

Експедицијата на Шкупи в четврток патува за Турција, каде ќе го мине вториот дел од подготовките за новата сезона.

Се вчитува...