Шкупи го слави Јашароски, Шкендија и Пелистер ќе ги „чеша“ само еден бод

Шкендија едвај стигна до бод на домашен терен против Победа (3-3), а Скопје успеа да му „украде“ бод на Пелистер во Битола (0-0). Шкупи во судиското продолжение оствари победа (2-1) над Работнички, а и Академија Пандев ја совлада Ренова со 1-0.

Шкендија се мачеше во Тетово против Победа. Тренерот Ќатип Османи го уфрли Изаир Емини во стартниот тим, а Ферхан Хасани остана на клупата. Филип Најдовски најави дека Победа ќе биде тврд орев со голот во 16.минута, но токму Изаир Емини израмни во 30.минута.

Бесарт Ибраими од пенал во 43.минута направи комплетен пресврт и Шкендија на одмор замина со предност. Но, шокот следуваше на стартот на вториот дел. Дејан Цветаноски во 49.минута го израмни резултатот, а четири минути подоцна искусниот Благоја Гешоски донесе нова предност за Победа.

Ќатип Османи мораше да ги уфрли и Ферхан Хасани и Бесарт Абдурахими, а токму вториот во 87.минута израмни на 3-3. Но, Шкендија немаше сили за да стигне до триумф.

IMG_1175

Шкупи во послендите мигови од средбата дојде до победа од 2-1 против Работнички. Ален Јашароски во четвртата минута од судиското продолжение постигна победнички гол, откако со удар од 15 метри го совлада Шишковски. Тимот од Чаир поведе многу рано, во четвртата минута со голот на Емануел Мбела, а израмни Нехар Садики во 21.минута од мечот. Остоја Стјепановиќ во 83.минута ја погоди гредата од голот на Шкупи, а домаќините беа посреќни во завршницата и освоија три бода.

IMG_1255

Пелистер важеше за огромен фаворит под „Тумбе кафе“ против ФК Скопје, но ремизираше без голови. „Пелистерци“ имаа многу шанси, пред се преку Баже Илијоски, но мрежата на Скопје не се тресеше до самиот крај.

Akademija Pandev - Renova 3Академија Пандев стигна до втората победа во шампионатот, совладувајќи ја Ренова со 1-0 на стадионот „Младост“ во Струмица. Зоран Балдовалиев од пенал во 61.минута беше стрелец на единствениот гол на овој меч.

ПРВА ЛИГА 4.КОЛО – РЕЗУЛТАТИАКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА 1-0

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 3-3

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-1

ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 0-0

ВЧЕРА: ВАРДАР – СИЛЕКС 3-1

Табела: Шкендија 10, Пелистер 8, Академија Пандев 7, Вардар 6 (-1), Силекс 6, Шкупи 4, Победа 4, Работнички 2 (-1), Скопје 2, Ренова 2.

Се вчитува...