Шкупи и Работнички по „европски бодови“ против Шкендија и Академија Пандев

Шкупи, Ренова и Работнички се трите екипи кое се уште негуваат надежи за четвртата позиција на табелата во шампионатот која, доколку Академија Пандев го освои Купот на Македонија, може да значи и европски излез.

Токму поради тоа нескриено интересни се гостувањата на Работнички против Академија, Шкупи против Шкендија и Ренова против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

„Романтичарите“, по киксот против Победа, сега неизбежно посакуваат бодови против „пандевци“ кои пак со последните лоши резултати си ја загрозија и третата позиција. Токму поради тоа фудбалерите на Академија Пандев неизбежно атакуваат на три бода во денешната пресметка.

Ренова ќе се обиде да ги изненади „лавовите“ во Ѓорче Петров, а Шкупи пак ќе мора по поволен резултат против лидерот Шкендија кој по претходниот неочекуван пораз од Беласица сега сериозно ги привлече погледите на домашната фудбалска јавност кон себе. Па сега секој натпревар на Шкендија се гледа под сериозна лупа.

ПМФЛ – 31. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

Турново: ПОБЕДА – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Се вчитува...