Шкупи ја освои и Автокоманда, реми во Струмица меѓу „пандевци“ и Брегалница, Шкендија до тешка победа со Пелистер (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 16. КОЛО….

Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ (0-0)

Скопје: СКОПЈЕ – ШКУПИ (1-3)

Чешмеџиев 42′(аг) – Фреди Алварез 7′, 95′(п), Фаустин 55′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (2-1)

Гури 48′, Кривак 84′ – Јуфо 43′

Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

Ѓорѓевиќ 35′ – Камара 67′

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

====================================================================================

  • Шкендија дојде до тешка победа од 2-1 против Пелистер со пресврт и гол на Кривак во 84. минута.
  • Шкупи дојде до нова победа, овој пат од 1-3 на гостувањето против Скопје во Автокоманда.
  • Крај на дуелот во Велес каде Борец и Македонија ЃП одиграа без победник, 1-1.
  • Крај на натпреварите во Струмица и во Струга. Без победник и без голови на дуелите меѓу Академија Пандев и Брегалница и Струга ТЛ со Тиквеш.

СКОПЈЕ – ШКУПИ (1-3)

1-3 – 95′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Фреди Алварез од пенал во последните секунди заокружува на 1-3


ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 84′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлувањето на Тимовски од десната страна, Кривак со глава носи водство за Шкендија. Но, при прославата на голот, „Балистите“ со пиротехнички средства го повредија капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи

  • КОЛО НА ЦРВЕНИ КАРТОНИ… Двајца исклучени фудбалери и кај Скопје на мечот со Шкупи. Во 68. минута поради груб старт втор жолт картон заработи Запата, а во 74. минута директен црвен доби и Дино Најдоски!
  • ЦРВЕН КАРТОН И ВО ВЕЛЕС… Во 75. минута втор жолт картон и за Ермедин Адем, па Македонија ЃП игра со фудбалер помалку
  • ЦРВЕН И ЗА ПЕЛИСТЕР…. Во 76. минута Филип Бошковски го доби вториот жолт картон, па Пелистер е со играч помалку!

АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

74′ – 100% шанса сега за Брегалница. Одличен шут на Ескиќ од 18 метри, но Јовановски брани

АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

70′ – По нафрлање од слободен удар Мирчевски ја зафаќа топката на неколку метри но феноменална одбрана на Денковски

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 67′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. По нафрлањето од слободен удар, Абу Камара со глава прецизно стрела од десеттина метри


СКОПЈЕ – ШКУПИ (1-2)

1-2 – 55′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Фаустин го враќа водството за Шкупи во Автокоманда

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 48′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлична акција на Шала по левата страна, нафрла пред голот на гостите каде Гури со глава од 7-8 метри сместува во мрежата

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 16. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

0-1 – 43′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Еврогол на поранешниот фудбалер на Шкендија, Виктор Јуфо кој директно од слободен удар од 22 метри стрела под гредата од голот на домашните

СКОПЈЕ – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 42′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Со автоголот на Чешмеџиев, Скопје израмнува во Автокоманда

АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

!!! – 43′ – Дарко Додев исклучен кај Брегалница. Престрого исклучување за Додев кој најпрво доби жолт картон, а потоа откако реагираше кај судијата доби веднаш и втор жолт картон.

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 35′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. По нафрлањето од левата страна, Крста Ѓорѓевиќ највисок во скокот со глава го погодува дирекот а потоа одбиената топка од вторпат ја сместува во мрежата на гостите


АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

!!! – 31′ – Втор жолт картон за Бихорац и исклучување во редовите на Академија Пандев

  • Мирни почетни 25 минути на фудбалските терени. Само еден погодок на дуелот во Автокоманда каде Шкупи води со Скопје со 0-1

АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

10′ – Мирчевски се обидува директно од слободен удар од околу 25 метри, но за малку покрај голот на Брегалница

СКОПЈЕ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 7′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Фреди Алварез брзо го носи Шкупи до предност на гостувањето во Автокоманда

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

5′ – Индиректен удар за домашните на само шест метри пред голот на „лавовите“ откако гостинскиот голман фати со рака вратена топка од свој соиграч. Но, Лука Трајкоски шутира само покрај дирекот

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 16. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати се составите за мечот во Струмица меѓу Академија Пандев и Брегалница

====================================================================================

На натпреварите од денешното 16. коло од ПМФЛ, најинтересниот дуел во Струмица каде Академија Пандев во желбата за победа ја пречекува Брегалница. „Пандевци“ се желни за одмазда по првиот пораз од Брегалница во Штип.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...