Шкупи ја прекина соработката со Умит Каран: Не ги исполни нашите цели

Шкупи ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Умит Каран.

Турскиот стратег, кој среде сезона беше доведен во тимот од Чаир, веќе на крајот од есенскиот дел го напушта клубот и кариерата ќе ја продолжи во турскиот тим Менеменспор.

„Сметаме дека резултатите на Каран во есенскиот дел не се доволни за целите кои ги имавме на почетокот на сезоната, бидејќи потенциравме дека амбициите се високи. Затоа одлучивме да се разделиме со Умит Каран. Раководството на клубот сега бара нов тренер. Му благодариме на Каран за досегашната соработка посакувајќи му успех во идната кариера“ – се вели во соопштението од ФК Шкупи.

Се вчитува...