Македонскиот прволигаш Шкупи ја започна реконструкцијата на екипата со нови засилувања. По ангажирањето на помошникот на тренерот Умит Каран, Хусејин Хурсој, и голманот Енес Азизи, ново засилување е Филип Ристовски кој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од Силекс. Тој во минатото беше дел од Металург, додека искуството на интернационална сцена го собираше во Борац од Бања Лука и Јавор Матис во Србија.
Веднаш по потпишувањето на договорот, 24 годишниот Ристовски за официалниот сајт изјави дека е задоволен што е дел од екипата со голема традиција во Македонија.
„Доаѓам во клуб со голема традиција. Подготвен сум за нови предизвици. Финалниот резултат ќе биде добро место на табелата“, изјави Филип Ристовски за официјалниот сајт на клубот.
24 – годишниот бек беше дел и од репрезентацијата на Македонија до 21 година. Тој минатата сезона запиша 13 настапи за екипата од Кратово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА