Шкупи ќе има пет теста во Анталија: Против Сараево, МТК, Сепахан…

Фудбалерите на Шкупи ја завршија првата фаза од подготовките која се реализираше во Дојран. По денешното враќање во Скопје и утрешниот слободен ден чаирчани веќе во четврток заминуваат на главните подготовки во Анталија, Турција, каде ќе се остане до 3. февруари.

За време на престојот во турска Анталија, стручниот штаб на чело со Умит Каран планира одигрување и пет пријателски натпревари. Веќе се договорени тестови со четири противници, ирански Сепахан, романски Лаши, унгарска МТК Будимпешта и босанскиот  прволигаш Сараево, а се чека уште противник за терминот на 29. јануари.

ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ШКУПИ ВО АНТАЛИЈА:

20. јануари: Шкупи – Сепахан (Иран)

23. јануари: Шкупи – Лаши (Романија)

26. јануари: Шкупи – МТК Будимпешта (Унгарија)

29. јануари: Шкупи – ?

2. февруари: Шкупи – Сараево (БиХ)

Се вчитува...