Шкупи најави жалба за црвениот картон на Руатубјаје

Екипата на Шкупи најави жалба до судиската организација на ФФМ, за црвениот картон на дефанзивецот Руатубјаје, за да може да игра во Купот.

Шкупи најави дека ќе испрати и видео, како доказ дека нивниот дефанзивец не заслужил исклучување, односно втор жолт картон. Од чаирскиот тим објавија дека ќе постават и видео за дасе види дека не заслужил исклучување.

„Двата жолти картони кои беа дадени на нашиот играч Абдул Руатубјаје на мечот со Вардар, покажува дека судијата направи грешка. Затоа клубот ќе поднесе жалба. Не сме повеќе изненадени од фактот дека судијата направи грешка толку пред нашиот важен меч во Купот. Ќе објавиме видео од грешка на судијата во текот на денот“, стои во соопштението на Шкупи.

Се вчитува...