Шкупи најде спонзор, но задоцни за влез во Првата лига

Управата на Шкупи по долги преговори успеа да најде спонзор што ќе го финансира овој кошаркарски колектив, десетина дена откако беше обелоденето дека овој клуб поради неплатена котизација го губи правото за настап во Првата лига. Клубот од Чаир се пофали со оваа информација доцна во ноќта, објавувајќи ја на својот фејсбук-профил.

Сепак, реакцијата се чини задоцнета бидејќи од „куќата на кошарката“ немаат намера да ја променат претходно донесената одлука за намалување на лигата, во која ќе нема место за тимовите што до 1 септември не ја уплатија котизацијата.

„МКФ е организација што се раководи од Статут и има свои правила на работа кои максимално се почитуваат.  Покажавме доволно трпение во текот на летото давајќи им шанса на клубовите да ги подмират обврските, за да можат да играат во Првата лига, но и застанавме цврсто на ставот дека сите кои нма да го сторат тоа до последниот рок на 1 септември, нема да можат да бидат ел од елитното друштво. Одлуката што беше донесена и потврдена од страна на Комисијата за итност е конечна, на Управниот одбор е изгласан и системот на натпреварување, а ждребот за календарот за натпреварувањее закажан за наредната седмица“ – гласи ставот на МКФ.

Се вчитува...