Шкупи не издржа во Баку…, пораз од Нефчи за елиминација од Лига Европа

Фудбалерите на Шкупи долго се бранеа одолевајќи на нападите на азербејџански Нефчи на гостувањето во Баку, но потклекнаа во последните минути за пораз од 2-0 (0-0) и елиминација во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Чаирчани одиграа рамноправно прво полувреме иако Нефчи ја имаше контролата на играта. Но, во второто полувреме македонскиот претставник не издржа.

Азербејџанците дојдоа до предност со голот на Мароканецот Сабир Бугрине во 67. минута од средбата.

Во 70. минута Шкупи остана и со играч помалку по исклучувањето на Омар Гуидиаби поради втор жолт картон. Тоа беше и, се чини, крај на надежите на чаирчани.

На 2-0 во 88. минута зголеми Антон Кривочјук, а почесниот европски гол за Шкупи го постигна најдобриот стрелец Дарбо Дембо во 93. минута за конечни 2-1.

Се вчитува...