Шкупи од денеска во Анталија: Пет тест дуели во Турција (ФОТО)

И фудбалерите на Шкупи денеска отпатуваа за Анталија, Турција, каде ќе се остане на подготовки до 3. февруари.

За време на престојот во Турција, шефот на стручниот штаб Умит Каран планира одигрување на пет тест дуели од кои договорени се веќе четири. Првиот пријателски натпревар е веќе на 20. јануари против ирански Сепахан. А, потоа следат дуели со романска Политехника Јаши, со унгарска МТК Будимпешта и со Сараево на 2. февруари.

Единствено, стручниот штаб, се уште е во потрага по противник за 29. јануари.

Се вчитува...