Шкупи оштетен во Гостивар: Поништен регуларен гол на чаирчани!? (ВИДЕО)

Шкупи загуби значајни бодови во битката за титулата во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига по поразот од 2-0 на гостувањето во Гостивар.

Чаирчани имаа можност и за поповолен резултат, но останаа покуси за позитивен исход и по поништениот погодок за нив во 86. минута.

При водство од 1-0 за Гостивар, Шкупи постигна гол за 1-1, но беше поништен поради офсајд-позиција. Момент за анализа за судиската комисија, иако се чини дека чаирчани беа оштетени со поништување регуларен погодок.

До крајот потоа, Гостивар во 96. минута преку Кехинде постигна уште еден гол за конечни 2-0.

Се вчитува...