Шкупи остана без дефанзивецот Лазаревски

Екипата на Шкупи скапо ја плати победата над Пелистер, ако се земе во предвид повредата што ја заработи Димитрија Лазаревски, кој сега ќе мора да мине извесно време надвор од терените. Искусниот дефанзивец се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет, а лекарските прегледи покажаа дека проблемот не е наивен, па овој фудбалер ќе мора да мине најмалку две седмици надвор од екипата.

Првите прегледи покажаа дека ќе морам да паузирам две седмици надвор од терените. Искрено ми е жал бидејќи оваа повреда се случува во незгоден период, кога се наоѓаме во добра форма, но верувам дека во нашата екипа главен квалитет е што секој може да помогне кога ќе биде неопходно и да го замени повредениот соиграч. Се надевам дека Шкупи и без моја помош ќе бележи добри игри“ – изјави Лазаревски за официјалната веб-страница на скопскиот клуб.

Лазаревски ќе ги пропушти натпреварите против Брегалница, Силекс и Македонија ЃП, а неговиот камбек се очекува за дербито со Вардар, закажано за 23 април. Шкупи моментно се наоѓа на седмото место со 25 бода, четири повеќе од Победа на осмата позиција, место кое значи учество во баражот за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...