Шкупи поразен на тестот со Нефчи

Македонскиот прволигаш Шкупи доживеа пораз (0-2) на пријатескиот натпревар против Нефчи. Избраниците на тренерот Зекирија Рамадан одлично парираа во првото полувреме, Муарем Муарем ја погоди и стативата од противничкиот гол, а Шкупи имаше и поништен погодок.

Во вториот дел, кога беа направени повеќе замени во двете екипи, Нефчи дојде до триумф. Алексеров во 62.минута донесе водство за тимот од Азербејџан, а вториот погодок беше дело на Абасов во финишот од дуелот.

 

Се вчитува...