Шкупи поразен од Челик (0-2)

Македонскиот прволигаш Шкупи загуби од босанскиот тим Челик (0-2) на денешниот пријателски натпревар во Анталија. Очигледно дека на тимот на Ардијан Нухиу му е потребен дополнителен период за воигрување по ангажманот на неколку нови засилувања оваа зима.

Челик поведе од пенал со голот на Акдин Шишиќ во 25.минута. Тој беше успешен реализатор на најстрогата казна за која се избори Марин Јурин.

Во вториот дел, Челик преку Стево Николиќ во 77.минута стигна и до втор погодок, што на крајот го заокружи и со конечен триумф на овој натпревар.

Се вчитува...