Шкупи поразен од Дунареа за крај на подготовките во Турција

Македонскиот претставник во Лигата на Европа, тимот на Шкупи, доживеа пораз (1-3) од романскиот тим Дунареа на последниот пријателски натпревар на подготовките во Турција. Единствениот гол за тимот од Чаир го постигна Баже Илијоски во првото полувреме. На одморот, Шкупи имаше 1-1, но во вториот дел прими два гола и доживеа пораз.

Составот на Зекирија Рамадан и покрај поразот беше рамноправен ривал во најголемиот тек од натпреварот.

Шкупи ги заокружува подготовките во Турција и се враќа во Скопје, каде ќе продолжи да се подготвува за дуелите со славниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...