Шкупи потпиша со двајца Африканци на ден пред стартот на новата сезона

Од вкупно седум африкански фудбалери кои изминатиов период минаа на тестови во чаирскиот прволигаш, на ден пред стартот на новата сезона Шкупи се одлучи да потпише договори со двајца од нив.

Десниот бек Абдулкадир Занго од Нигерија е едно од засилувањата. 22-годишниот Занго доаѓа од редовите на нигерискиот Тигар.

26-годишниот Армел Браџи, пак, е од Брегот на слоновата коска а претходно беше дел од тимот на АФАД Џекану од оваа земја. Браџи треба да го засили средниот ред на Шкупи.

Се вчитува...