Шкупи промовираше репрезентативец на Сенегал во нападот (ФОТО)

По вчерашната промоција на Бесир Демири, Шкупи промовирше ново име во својот табор.

Нов офанзивец во редовите на тимот на Гоце Седлоски е Алберт Ламане Диене, актуелен репрезентативец на Сенегал.

24-годишниот Диене може да игра на повеќе позиции во нападот. За репрезентацијата на Сенегал досега  има шест натпревари и постигнато еден гол за една година.

Сандеј Адетунџи е во моментов прв напаѓач во редовите на чаирскиот прволигаш.

Се вчитува...