Шкупи против Академија Пандев со последна шанса за Европа, Работнички сака триумф против Победа

По двете едноподруго победи фудбалерите на Шкупи очекуваат нова, денеска против Академија Пандев во 30. коло од ПМФЛ, со што би ја зграбиле последната шанса во битката за европски излез.

Свесни за тоа се и во таборот на чаирчани кои порачуваат дека до крај ќе се борат за својата цел…

„Во добра форма сме. Успеавме да ја постигнеме целта со двете претходни победи но важно е сега да продолжиме со позитивната серија. Ќе дадеме се од себе на мечот против Академија Пандев пред нашите навивачи да дојдеме до победата. Наша цел е да стигнеме до четвртото место на табелата“ – вели Ергин Абдул.

Но, победа за европски излез безусловно денеска чекаат и во таборот на Работнички кои се соочуваат со прилепска Победа на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

„Ги анализиравме грешките од мечот со Силекс во кој објективно бевме оштетени, но не сакам сега да се навраќаме на тоа. Работевме на корекција на грешките забораваме веднаш на поразот од Силекс и сакаме експресно да се вратиме на победнички колосек денеска на дуелот против Победа“ – вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Баже Лазаревски.

ПМФЛ – 30. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

Се вчитува...