Шкупи ремизираше без голови со Генч Калемлер

Македонскиот прволигаш Шкупи одигра пријателски натпревар против второлигашот Генч Калемлер и ремизираше без голови. Тимот од Чаир ја пополни репрезентативната пауза со тест – натпревар, на кој тренерот Умут Каран можеше да провери во каква форма се неговите избраници. Се покажа дека реализацијата е најдобра карактеристика на Шкупи во овој момент, иако Кристијан Стојкоски и Виктор Ангелов имаа убави шанси за погодок.

Во вториот дел, шанса за настап добија и некои помлади фудбалери во двете екипи.

Се вчитува...