Шкупи ремизираше против Левадија

Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на Европа, тимот на Шкупи, ремизираше (1-1) против естонскиот тим Левадија Талин, во вториот пријателски натпревар на подготовките во Турција. Тренерот Зекирија Рамадан на овој меч им даде шанса и на четворицата интернационалци од Сенегал, кои се на проба во тимот од Чаир, а дебитираше и голманот Игор Алексовски.

Токму Сенегалецот Муса Мароне во 67.минута постигна гол за Шкупи по проигрувањето од Муарем Муарем. Сепак, Левадија Талин израмни во 78.минута, откако Сенгор погреши, а противникот тоа знаеше како да го искористи.

Шкупи в четврток ќе одигра пријателскиот натпревар со босанскиот прволигаш Челик.

Се вчитува...