Шкупи ремизираше против Сараево (1-1)

Македонскиот првак Шкупи ремизираше 1-1 против босанскиот клуб Сараево во пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Рахмановиќ го доведе Сараево во водство, но израмни Рон Броја од пенал во 44.минута од средбата. Сараево остана и со играч помалку, а Шкупи тоа не успеа да го искористи за да стигне до триумф.

Во вториот дел, се играше на средината на теренот и без посериозни можности на двете страни. Во составот на Сараево настапи и македонскиот интернационалец Крсте Велкоски.

 

Се вчитува...