Шкупи сака да игра во косовско-албанската лига, се чека на Антиќ

Македонскиот кошаркарски второлигаш Шкупи побарал од раководството на КФСМ да му биде дозволено да стане дел од новоформираната заедничка лига на тимови од Косово и од Албанија. Второлигашот Албес прв искажа интерес за да стане дел од ова натпреварување, но Шкупи покренал и конкретен чекор, па сега е во исчекување на одговор од Перо Антиќ и раководството на македонската федерација.

„Како клуб Шкупи е заинтересиран, верувам дека ќе играме во оваа се-албанска лига. Ги контактиравме федерациите на Албанија и на Косово, но за да бидеме дел од ова натпреварување неопходна е дозвола од КФСМ, од каде очекуваме да ни дадат зелено светло“, истакна првиот човек на Шкупи, Енвер Мифтари, за косовските медиуми.

Пред неколку дена, Мифтари побара од раководството на КФСМ и административно да го врати Шкупи во елитното друштво, откако овој тим испадна минатата сезона завршувајќи го шампионатот без ниту една забележана победа.

 

Се вчитува...