Шкупи се поднови со поранешен голман на ПСЖ, а се раздели и со Љамчевски

На денот на почетокот на зимските подготовки чаирскиот прволигаш Шкупи го промовираше младиот голман Енес Азизи како засилување за пролетниот дел од шампионатот.

Азизи, кој има македонско и швајцарско државјанство, во својата кариера има брането за повеќе клубови од Швајцарија а интересно во својата биографија го има и францускиот гигант ПСЖ каде бранел во тимот до 19 години.

Од друга страна, Шкупи остана без уште еден фудбалер за продолжението на сезоната, левокрилниот дефанзивец Благоја Љамчевски. Претходно, како што е познато, чаирчани останаа и без Баже Илијоски кој се пресели во редовите на Работнички и без Кристијан Стојкоски кој замина во Академија Пандев.

Се вчитува...