Водени очигледно од интенцијата за сериозни промени во играчкиот состав, Шкупи остана и без уште еден фудбалер за продолжението од сезоната, централниот дефанзивец Тони Типуриќ.
Двете страни се договори за прекин на соработката па Типуриќ веќе е слободен фудбалер. Претходно, како што е познато, од Шкупи заминаа и Баже Илијоски, Благоја Љамчевски и Кристијан Стојкоски.
А, информација за прекин на соработка до јавноста пренесе и есенскиот шампион Шкендија. Тетовци се одлучиле на разделба со 24-годишниот дефанзивец Мевљан Адили на кого шефот на стручниот штаб Ќатип Османи нема да смета за продолжението од првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА