Шкупи се раздели со Ќатип Османи, капитенот Муарем Бајрами ќе биде в.д.тренер

Македонскиот прволигаш Шкупи ја прекина соработката со тренерот Ќатип Османи. По поразот на Шкупи (2-3) од Ренова на домашен терен, раководството на клубот одлучи да се раздели со стратегот кој има шампионско педигре од деновите во Шкендија.

Интересно е дека до именување на нов шеф на стручниот штаб, вршител на тренерската функција ќе биде капитенот Муарем Бајрами.

Шкупи по поразот од Ренова се наоѓа на шестата позиција на табелата со 25 бода, а в среда го очекува и куп-дуел против Академија Пандев во Струмица.

 

 

Се вчитува...