Шкупи се засили со Артан Велиу од Гостивар

Шкупи за новата сезона се засили и со младиот досегашен фудбалер на Гостивар, Артан Велиу.

20-годишниот Велиу потекнува од фудбалската школа на Шкендија а има настапувано и за Јувентус Цирих во Швајцарија. Изминатава сезона беше дел од Гостивар од каде сега се сели во Шкупи.

„Среќен сум што доаѓам во тим како Шкупи. Благодарам на укажаната доверба од стручниот штаб и раководството на тимот, која искрено се надевам дека ќе ја оправдам“ – истакна Велиу по промоцијата во новиот дрес.

Шкупи, исто така, денеска потпиша двегодишен договор и со Фати Исмаили кој потекнува од младинската школа на клубот.

Се вчитува...